Радио Милева од мед и млеко до шок состојба

Лила на луксузен викенд, за малку ќе настрадаше: До сега ја плашеа, сега ќе ја удавеа! (ВИДЕО)

Лила на луксузен викенд, за малку ќе настрадаше: До сега ја плашеа, сега ќе ја удавеа! (ВИДЕО)

Лила има навистина чуден живот. По принципот: „Топло-ладно!“ Обожавателите постојано  ја опсипуваат со комплименти, спонзорите со подароци и луксузни патувања, а пријателите ја „вадат од памет“! Од „мед и млеко“, до „шок состојба“…

Викендов спонзорите одново ја почестија. Со чартер лет и викенд на море, во Кемер, Турција! Боки и Сергеј ги немаше, ама тоа не значи дека водителката  куртули од „неволји“ и раат  го мина викендот!

Со неа беше нејзиниот асистент Спасе, кој како и споменатите другарчиња на Лила, е исто толку голем шегаџија.

Затоа реши и тој да си поигра малку мајтап со пријателката која опуштено уживаше во сиот луксуз и раскош на ресортот, додека прилично раскомотена ги собираше влажните погледи и мамеше машките воздишки на околината.

Арно ама, штом се потстемни, Лила посака уживање плус, во вид на ноќно капење, а таквата желба на Спасе му се виде како згодна прилика да и создаде „неприлика“. И додека Лила се местеше покрај базенот, асистентот тивко и се прикраде одзади и…

„Пљааассс“ – Лила за миг се најде сосе алишта во базенот! Среќа што големата тркалезна гума за пливање и се најде при рака, инаку Лила… „ќе отидеше јабана“!

Кутрата Лила, така влажна, шокирана и изнервирана, ноќното капење го заврши со ветување дека ќе му врати кога најмалку се надева.

 

View this post on Instagram

 

Само да знаеш @rolladobolla , ќе ти вратам кога најмалку очекуваш ? #prank #kemer #antalya #friends #fun

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

To top