Од минатата недела започна да се емитува третата сезона од популарната македонска серија „Преспав“, а освен веќе познатите ликови на тимот му се приклучи и Бугарката Преслава.
Вчеравечер на Македонската телевизија се емитуваше епизодата насловена „Селски туризам“, а на крајот се појави специјална и позната гостинка во пансионот.
Имено, продуцентите ја избраа познатата ТВ водителка Лила Стојановска која на кратко се појави како неочекувана гостинка кај преспанци. Во врска со ова свое поинакво искуство пред камери, Лила на својот Инстаграм напиша:
Одам полека…нешто као сум многу лабава. Во вечерашната епизода на ситкомот “ПРЕСПАВ “ се појавувам кратко ама искуството е феноменално и благодарам на екипата за оваа можност и што бев во друштво на феноменални професионалци, напиша Лила.
Како изгледаше снимањето на оваа сцена погледнете од видеото во продолжение: