Лила Филиповска едвај чека летото да дојде… како повеќето од бас. Ама никако да дочека. Минатиот пат реши да оди на „се’ или ништо“, па се расоблече по костим за капење за да направи генерална проба како изгледа на плажа, ама наместо под чадор за сонце, заврши под чадор за дожд. Временските (не)прилики непогодни за бикини, иако водителката во жолтиот костим за капење покажа колку бомбастично (ќе) изгледа и оваа сезона.
Иако некој ќе рече дека „не е секој ден Велигден“, на Лила токму Велигденот и се погоди… Поточно временските прилики за големиот христијански празник, па водителката конечно можеше да ја отвори сезоната. До душа, не во бикини, туку овој пат во едноделен костим за капење и тоа како… „Сузи во џакузи“!
View this post on Instagram
Уметнички прекар која сама си го дала, веројатно чисто онака, колку да се римува, ама затоа раскошната телесна разголена убавина што Лила ја споделила и понатаму е повеќе од завидна… Маврово и неговите природни убавини, зачинето со сончевото време за празникот и Лила во џакузи… „Празник за очи“ за сите момчиња, ергени и сопрузи. Овој пат на водителката и се погодија и времето и локацијата и природата. Остана само недоумицата кој и ја… „брануваше водата“?
Празникот беше и помина, а сезоната кога веќе е отворена, мора да биде зачинета со уште нешто што на лето, потсетува!
Затоа Лила уште еднаш самата се погрижи и себе си и другите да ги потсети дека иде лето, па реши уште отсега да се освежи… Или поточно заслади и разлади, иако аутфитот баш и не и е ептен летен, ама ако… За да не и „украдат гриз“ од нејзиното ледено чоколадно „колаче на стапче“ Лила се качи на покрив, па како што е ред, ја отвори сезоната на лижење… сладолед!
Седната на покривот од автомобилот мирно си го грицкаше својот „замрзнат десерт“…
Потоа она што и остана, задоволно си го доизлижа, одејќи пеш по улица на кафе средба со нејзиниот пријател, колега и „десна рака“, Спасе – Рола… На нескафе и муабети… „до бола“!
Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska