Како што веќе е познато, Лила тргна, ама не стигна Миконос… Заради добро познатите околности! Се врати во Скопје, па наместо во кристално бистрите води на Егејот, беше принудена да се лади под клима во еден од најпознатите скопски лаунч ресторани и кафетерии, во скопски Аеродром.
А Лила, како Лила, самата по себе е „подвижен билборд“, па газдите решија да го спојат „освежувањето со рекламирањето“ и да ја почестат, а таа да им направи мал маркетинг… Овој пат за нивниот прочуен диетален сладолед, засладен со стевиа наместо со шеќер!
Крупен кадар на масата одблизу, а во кадарот – седум топки! Пет во порцијата со сладолед и две надвор од неа… И тоа машала, баеги поголеми!
И секако водителката со лажичето в уста, како се насладувава, освежувајќи се на жештините. А кадарот откако максимум ќе биде зумиран, се движи кон аквариумот со рипчиња вграден во ѕидот. Колку за споредба, да се види и знае, која е најдобра риба во локалот!
Но, како што некој забележа, освежувањето на водителката можеби и успеа, ама рекламата…? Кој ќе ти гледа во сладоледот покрај така раскомотената и „освежена“ Лила?
Ај да ве видам, колку за проверка: Дали запаметивте колку топки има во кадарот и во кои се’ бои беа оние во порцијата со сладолед?
За цвеќето во вазната на масата и да не прашуваме, зашто веројатно никој не ја ни забележа!?