Радио Милева

Лила го смени имиџот, па ги праша обожавателите како им се допаѓа? (фото)

Лила го смени имиџот, па ги праша обожавателите како им се допаѓа? (фото)

Кога е имиџот во прашање, нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филиповска е доследна на својот моден израз, особено пред камери.

Таа долги години ги има истите соработници кога е во прашање облеката и стилистот за шминка и фризура.

Но на секоја жена, па и на Лила понекогаш и треба промена. Таа на својот Инстаграм објави фотографија каде има ултра кадрава и волуменозна коса, фризура која ја имаше за снимањето на една од епизодите на „Се или нешто“ .

-Како ви се допаѓа мојата нова фризура? – ги праша Лила своите следбеници и обожаватели, а притоа го означи и својот стилист Владимир Трајковски.

 

View this post on Instagram

 

Како ви се допаѓа мојата нова фризура ?‍♀️ @vladimirtrajkovski @ateljevladimirtrajkovski ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Реакциите во коментари следеа инстантно, а повеќето имаа различни одговори.

На едни им се допадна и порачаа дека е убава како и секогаш, други дека ова и е најдобрата фризура досега, додека пак трети и кажаа да го праша Сергеј.

Како ви се допаѓа Вам?

To top