Нашата прекрасна водителка Лила Филиповска каде и да се појави привлекува огромно внимание, а на социјалните мрежи често споделува фотографии од местата кои ги посетува.
Овојпат Лила со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од нејзиниот одмор во Будва, па успеа да покаже дел од убавините на овој црногорски град којшто има навистина прекрасна историја, но и убавини кои вредат да се посетат и видат.
View this post on Instagram
Лила под една од своите објави на која позира во тренди, летно фустанче и каде изгледа навистина прекрасно, напиша:
„Историја и многу легенди вткаени во овие симпатични сокачиња и ѕидини во стариот град на Будва“.
View this post on Instagram
Под објавата водителката доби многу комплименти на сметка на својот изглед:
„Преубава жена на преубаво место“, „Топ модел вистинска манекенка“, Блескаш, прекрасна си, те обожавам“…