Живееме во време на социјални мрежи, медиуми, каде што со еден клик може да дојдете до многу информации, да најде што ви е потребно, да ги прочитате најновите вести од државата, регионот, светот, да видите што прават (не) познатите.
„Фејсбук“ и „Инстаграм“ стана платформа каде што секојдневно се пласираат најнови информации, фотографии, и секој може да објави што сака, да си го каже своето мислење, својот став.
Познатите личности, естрадните уметници ги користат социјалните мрежи за да промовираат песна, настап, турнеја, концерт, да рекламираат разни брендови или пак да откријат дел од приватноста и како го поминуваат времето.
Тие беа активни за време на карантинот каде што речиси секојдневно објавуваа фотографии, некогаш ретро од постарите албуми, некогаш како го поминуваат времето додека траеше карантинот.
Речиси да нема некој кој нема профили на социјалните мрежи. Завчера (04.09.2021) се случи глобален проблем односно паднаа „Фејсбук“ и „Инстаграм“, па фановите, зависниците, неколку часа нема пристап.
Тоа веднаш создаде нетпрение кај оние кој „висат“ нон стоп на почетните страни на овие медиуми.
Некои од познатите српски личности веднаш се огласија на Твитер, па напишаа интересни статуси.
Македонската водителка Лила Филповска која има преку 213 илјади следбеници на Инстаграм, речиси секојдневно објавува постови. Некогаш од снимање на квизот „Се или нешто“, објави на кои ги рекламира своите пријатели, од патувања, од нејзиниот мачор Рагнер, како го поминува времето…..
По падот на „Инстаграм“, таа се огласи и во „Инстаграм стори“. Имено, Лила сподели фотографија од текст кој бил напишан за неа во 2019 година, а насловот е: Лила Филиповска: „Внимавајте, животот не е Инстаграм“, а во описот на фотографијата допиша: „После, вчерашниот пад на социјалните мрежи вистински момент да ве потсетам што кажав во 2019 година“, напиша водителката, а потоа и објасни што сакала да каже за тоа.
„Кога реков животот не е Инстаграм на ова мислев. И да ништо не е вечно, па ни ова….За мене ова е забава и вчерашниот пад не ме помести….дипломиран филолог на УКИМ и повеќе од 20 години водител на Сител, ете затоа“, напиша Филиповска покрај објава од 2019 година:
„Ова почнав да го правам од хоби. Јас не сум виновна што социјалните мрежи одат толку напред. Младите во денешно време објавуваат и што треба и што не треба. Затоа, ние постарите сме тука да подучиме. Јас сум водителка веќе 20 години и кога ќе го нема Инстаграм јас пак ќе бидам водителка. Затоа е важно да имате професија“ изјави Филиповска во 2019 година.
Инаку, како што е познато на публиката и на нашите читатели, Лила го води квизот „Се или нешто“ кој веќе неколку години држи најголем рејтинг, а неодамна започна и 11 сезона.
фото: принтскрин/инстаграм/лила филиповска