Водителката Лила Филиповска, долгогодишната пријателка на Бојан Јовановски – Боки 13, утрово дојде да сведочи пред шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска.
Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица при обид да ја напушти државата. Со него биле Филиповска и уште една новинарка од 1ТВ.
Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева. Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.
Предистрагата за „Рекет“, е почната неколку месеци пред апсењата, откако премиерот Зоран Заев и кажал на Рускоска оти осомничениот бизнисмен Орце Камчев му се жалел оти бил рекетиран од Јовановски и Кичеец, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева. Три месеци обвинителството собирало докази од банкарски сметки, биле барани сефови во банки, имало потрага за лоцирање на изгубениот телефон на Јанева, па дури по финансиската истрага почнаа апсењата.
Извор и фото: СДК.мк
Видео: А1 Он