Радио Милева блудни мисли за слатко задоволство

Лила Филиповска на „чоколадна оргија“ со мачорот: Рагнар покажа заби, додека кралицата мирно си заспа (ФОТО)

Лила Филиповска на „чоколадна оргија“ со мачорот: Рагнар покажа заби, додека кралицата мирно си заспа (ФОТО)

Лила Филиповска понекогаш има чудни, навики и и уште почудни потреби… Така барем некој што добро не ја познава може да си помисли ако и се „прошета“ по нејзините Инстаграм приказни и она што е на нив најново споделено. А таму, најдобрата и најпопуларна македонска ТВ водителка во навидум необична ситуација: На „чоколадна оргија“ со мачорот.

Ама, нееее…. Не е тоа што можеби некои веднаш ќе помислат. Едноставно како што Лила има чудни навики, некои производи имаат чудни имиња, па кога ќе се спои едното со другото, се добива она што поединци можеби ги наведе на „блудни мисли“.

Имено, во овие пеколни жештини каде температурата и навечер не се спушта под 30 степени, Лила посегна по еден нов тип на сладолед од познат производител, кој носи чудно име: „Скандал – „чоколадна оргија“!

Па, како тргна да се разлади, на водителката и се придружи и нејзиниот домашан миленик – мачорот Рагнар.

А, Лила – добра душа и меко срце и падна жал, па не можеше да го одбие да не му даде… Лажичка, две, три, пет… од сладоледот, па така не можејќи да му одолеат на искушението, заедно уживаа во слаткото задоволство на „чоколадната оргија“!

Откако завршија со уживањето во освежувањето, кралицата ја префрли маската за спиење преку очи и задоволна мирно заспа, а мачорот…?

Рагнар остана буден, страден и „гладен“… Задоволство доби, ама некако му дојде малку… На лажиче!

Се обиде да покаже заби, ама попусто… Џабе!

Кралицата мирно си заспа, а мачорот…?

До следното задоволство ќе треба да почека. До она вистинското, можеби дури и до… февруари!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

To top