Кога сте јавната личност и често сте под лупа на медиумите, речиси секогаш треба да изгледате средено и примерно.
Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска пред ТВ екраните секогаш може да се пофали со модни парчиња и топ средена за новите телевизиски предизвици.
Лила секогаш води грижа за својот изглед, па често посетува салони за убавина каде се разубавува и прави различни масажи.
Така беше и викендов кога водителката слободното време го искористи за да отиде во еден салон за да направи „мадеро терапија“ или позната како масажа со дрво со која се отстранува целулитот или пак служи за детоскација на организмот, а периодов и е една од омилените.
Филиповска на „Инстаграм стори“ сподели црно – бело видео од масажата на кое се гледа дека е без облека.
Сигурно, Лила си заминала задоволна од салонот бидејќи често го посетува истиот, а во новата сезона на „Се или нешто“ ќе биде разубавена и подготвена за нови професионални достигнувања.
фото: инстаграм