Најпознатата и најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска, покрај останатото се претвори во подвижен билборд. Секојдневно можеме да видиме фотографии на социјалните мрежи како „дамата која им пркоси на времето и годините“, рекламира разни производи од различни брендови.
Од облека, накит и чевли, преку козметички препарати и смартфони до кредити и прехрамбени продукти…
Рекламирањето на сопствениот профил на социјалните мрежи очигледно во последно време и кај нас е во тренд, а веројатно е и доста ефикасно и дава резултати, па фирмите на ваков скриен начин ги „користат“ познатите лица за промоција на сопствените производи.
Рекламната „мимикрија“ сепак не секој како Лила умее така добро да ја пласира, па кај неа спојот на „убаво и полезно“ е доведен до совршенство. Фејсбук и Инстаграм секојдневно „горат“ од нејзините „жешки“ фотографии на кои всушност во позадина се крие нешто друго – она заради кое Лила навидум „мами воздишки“, а всушност „жнее парички“!
Колку за пример – последното нешто од Лила. Како и секогаш, така е и овој пат… Само што начинот да се заскокоткаат обожавателите, позата, степенот на возбуда и производот се различни. Останатотот е класика: Лила на базен, на лежалка за сончање во едноделен костим за капење го распослала сиот свој сексапил, па божем се засладува со колачиња…!?
А всушност во постот крај фотографијата се крие одговорот и целта на сликањето: Реклама за новиот производ на позната македонска фирма за конзумни слатки.
„Најубаво е кога омилените вкусови ги има во едно пакување. Sе….on се префинети колачиња за уживање“ – стои во рекламното појаснување на водителката која така „засладена“ мами и повикува да и се придружите во конзумирањето на производот, зашто она што Лила ја „задоволува“ или поточно, нејзиниот критериум и вкус… мора да е добро! Исто како и таа…
Впрочем и омилените вкусови на нејзините обожаватели се содржани во едно пакување… Лила! За заедничко уживање. Обожавателите во нејзината водителска умешност и изглед, таа во својата професија и она што како бенефит истата и го носи!