Убавото сончево време, расцутените дрвја и мирисот на пролет која календарски започнува за еден ден, нема кого не тера да излезе надвор и да ужива во убавината после зимата.
Сепак, мора да бидеме сериозни,свесни и одговорни за своето и здравјето на останатите поради корнавирусот кој не држи „под мраз“.
Лила Филиповска преку својот Инстаграм профил постојано апелира од својот дом да се биде разумен и да не се излегува без потреба.
Овој пат, сакаше да внесе позитивна енегрија со доаѓањето на пролетта, па објави фотографија каде изгледа преубаво во романтипен фустан со цветен принт.
Фотографијата ја опиша вака:
-И додека се навикнуваме на новонастанатата ситуација да не заборавиме дека доаѓа пролетта…се поминува ништо не е вечно па и ова што сега ни се случува. Затоа само позитивно и БЕЗ ПАНИКА да го надминеме и овој проблем и да излеземе како победници -пишува Лила.
Инаку, Лила неодамна ги извести своите следбеници дека во претстојнот периодсе откажани снимањата за „Се или нешто“, но имаат снимени епизоди.
Како што вели Лила, да излеземе како победници, но преку разум и одговорност до помалку заразени од Ковид-19 и бројка која нема да слушаме како секојдневно расте насекаде низ светот, а болните да излезат излечени!