Познатите личности, особено оние од медиумите, естрадата и шоубизнисот како по правило „киснат“ на социјалните мрежи. Некои повеќе некои помалку, а некои неможеш „да ги симнеш“ од Интернет… Од Фејсбук, Твитер и особено од Инстаграм. Пејачки, манекенки, актерки, ТВ водителки… секој ден нова фотографија, една или серија такви. Слика со слика и прилика на дотичната и тоа што го правела претходната вечер или истиот ден… Рекламирањето или таканареченото инфлуенсерство е приказна плус. Која во ресторан со шницла во чинија, која со мусли в раце… Една во бутик, друга во продавница, трета во кафуле или кафеана – тарапаана! Од слаткарница до златарница, рекламира која кај стигне и што ќе стигне!
Меѓу нив предничи секако, „едната и единствена“ – Лила Филиповска. И по број на објави, реклама, ама и по галама што се крева со секој нејзин потег. Кој вербално, кој писмено, некој кришум и тајно, други пак јавно со коментари и твитови го кажувааат тоа што го мислат за неа и нејзините постапки.
Деновиве естрадниот „ТВ магазин од зад сцената“ тргна да ја праша дали има против јавно да и прочитаат дел од лошите коментари и твитови за неа?
Водителката веднаш прифати, па истакна дека нема проблем со тоа да чита коментари кои се во негативна конотација и им порача на сите хејтери слободно да пишуваат за неа, но кога веќе ја коментираат, покрај кажаното да ставаат убави слики над напишаното.
Патем, уште пред да почне да го слуша она што е напишано за неа, Лила после 25 години занимавање со својата професија, „око да не и трпне“, порача: „Ако сакаш сите да те сакаат на овој свет, оди продавај сладолед“!
Во продолжение погледнете од видеото какви беа реакциите на Лила после секој исчитан коментар или твит.