Испративме уште година, година полна со предизвици, неизвесност, година во која владееше пандемијата со коронавирусот, во која многумина од јавниот свет ја изгубија и битката со болеста на 21иот век.
Изминататата 2021 година, имаше убави, но и помалку убави моменти за паметење, а повеќето ја испратија старата година со надеж 2022 да биде подобра и поубава. Некои новата година ја дочекаа во домашна атмосфера, некои на плоштад, други кај пријатели, некои надвор од Македонија.
Лила ја испрати 2021, а ја дочека 2022 година во пижами во својот дом, без голема помпа. Водителката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај новогодишна елка во пижами со нејзиниот мачор Рагнер, а во описот напиша:
-Доволно беше турбулентна оваа година на секое поле па затоа вака ќе ја испратам без помпа и фанфари… доста и беше нека си оди !!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак , сепак доста и беше !!!! Посакувам Новава да биде сѐ што не беше оваа…! А на вас другари јас и Рагнар ( кој што изгледа многу среќно дека го сликам 😂) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов …Среќна и успешна година, напиша Лила.
View this post on Instagram
Под фотографијата се нижеа честитки од нејзини следбеници, пријатели, колеги…
Инаку, многу познати личности честитајќи ја новата година истакнаа дека им е доста од 2021 и дека очекуваат 2022 да биде многу подобра.
фото: Инстаграм/лила филиповска