Мегафон
изложби

Ликовна изложба – “Криза” на Игор Станоески во КИЦ

Ликовна изложба – “Криза” на Игор Станоески во КИЦ

Предлог проектот се состои во изложување на  15 do 20 слики на платно кои би биле изложени, во рамките на предвидениот простор ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност од младиот ликовен уметник Игор Станоески.

Станува збор за дел од новиот опус на сликарски дела (2020) кои во наредниот период ќе бидат изложувани во рамките на нашата земја и пошироко во моментот на завршувањето на кризата со вирусот Ковид – 19. Насловот би бил “Криза “  демонстрирајќи го новиот опус на творештво како причина и последица на  новонастаната криза. Изминатиот период не воведе во релативно краток , но истовремено длабок циклус на интроспекција и анализа на сржта на нашето постоење и делување во светот како професионалци, обични луѓе и социјални суштества. Нашиот одговор колективно го гледам како филтрација на квантитетот со квалитет, темелно истражување и зголемување на обемот на продукцијата во рамките на професиите како насока на стратегијата за надминување на моменталната состојба.

Ова se илустрациите na дел од новите сликарски дела од серијата 2020, кои треба да бидат врамени и изложени во ЈУ Културно Информтивен Центар -Скопје.

Инаку, Игор Станоески завршил средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје во 2004, дипломира на Факултетот за Ликовни уметности – Скопје , во класата на Жарко Башески во 2013 година. По дипломирањето  работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук (музика) , форма (скулптура) , цртеж и боја. Првите интернационални референци ги добива во сферата на музиката и аудио-визуелните проекти , меѓутоа подоцна акцентот на неговото творештво се доближува кон традиционалните ликовни медиуми како сликарството и вајарството, низ повеќе самостојни и групни изложби во земјава и надвор.

Во 2017 година го официјализира своето творештво отворајќи ја фирмата “ Креативна работилница ИГИМЕН “ со дејности, создавање и издавање на аудио записи и креирање на уметничко творештво.

2019 Solo Exibition “Analogy” @ TecklenborgMedia

2018 Solo Exhibition “ The German Experience” @  Kaffeekontor-Rheda-Wiedenbrück.

2017 Solo Exhibition “Portraits”  @Public Room – Skopje

2017 Group Exhibition “ Young Artists and Their Guests” – Kavadarci

2016 Solo Exhibition “ Portraits “  @ New Orleans Club” Old Bazar- Skopje

2013 Group Exhibition “ Young Artists and Their Guests” – Kavadarci

2012 Group Exhibition “ Bosh Fest”  – Gevgelija

2012 Grup Exhibition  “Lazaropole Creative weekend “ Lazaropole