Српската глумица Лидија Вукичевиќ е позната како жена што посветено се грижи за својот изглед и во својата поодмината возраст, па затоа и на 58 години изгледа феноменално. По завршувањето на снимањето на една нова серија, Лидија реши да си даде себе си мала пауза од работата, па замина на кус одмор на море.
Само што слета на аеродромот, откако се смести, веднаш да замина на плажа.
Најпрвин релаксација, па иако можеби не е најпристојно, долгите уморни нозе на убавицата заслужија да бидат високо кренати… на маса! Така и кафето е послатко, а и погледот е поубав… И нејзиниот и нашиот.
Но она што ја возбуди плажата на Јаз во Будва, беше моментот кога Лидија се соблече да се сонча.
Испружена на лежалка крај брегот, актерката позираше во костим за капење, убаво намачкана за да не изгори, ги „запали“ оние околу неа.
Особено претставниците на машкиот пол, кои и во живо се уверија дека убавата актерка е безобразно згодна и поперверзно секси од било која млада старлета, иако е на прагот на својата 60-та!