Актерката Лидија Вукичевиќ (57) деновите во изолација ги поминува во својот стан во Белград каде најчесто чита книги пред спиење и како што велио, работи на својата „ментална хигиена“, а редовно комуницира и со своите фанови на кои ѝ им посветува време на социјалните мрежи.
Со најновата објава таа одново визуелно ги „заскокотка“, а текстуално повторно ги „боцна“ нејзините машки обожаватели, а жените, колку и да и љубоморат на нејзиниот игглед за возраста, сепак ги воодушеви!
Имено, Лидија сподели неколку фотографии на кои позира во наметка од тантела во креветот, па покрај каминот.
Во прв план вообиочаено, нејзините телесни адути: бујните гради и убавите нозе, а од приложеното може да се забележи дека под наметката таа воопшто не носи градник… Впрочем, пред и веднаш по спиење, не и е ни потребен.
„Само дрско на фин начин“ – напишала таа во описот на фотографијата со која некому сака да му испрати порака меѓу редови… Само прашањето е кому? Или таа порака е општа?