Голди Хон важеше за една од најубавите жени на светот, а сега, на 74-годишна возраст, сè уште сака да изгледа младо, што ја направи непрепознатлива.
Имено, таа наместо негуван изглед, направила бројни пластични операции, поради што често е мета на критики и потсмев.
– Таа се обидува на сите можни начини да го задржи својот младешки изглед, иако повеќе личи на пластична кукла отколку на негувана жена – прокоментира еден од обожавателите.
Голди никогаш не криела дека е често посетува естетските клиники и дека нема намера да се откаже од тоа „под нож“.
– Не знам зошто жените одбиваат да остарат достоинствено, но вака се уништуваат. Таа веќе не може да се смее поради силните филери и ботокс – стои во коментар на Инстаграм.