Мегафон

„Либеро бенд“ се на најдобар пат „Дел по дел“ да станат мегапопуларни

„Либеро бенд“ се на најдобар пат  „Дел по дел“ да станат мегапопуларни

Долги години опстојуваат на македонската музичка естрада. Од самиот почеток, па се до ден денес, тие се во истиот состав, а со својата уметност ги поместуваат стандардите за квалитетот на македонската музичка сцена.

Моменталната ситуација не ги обесхрабри и не ги спречи да направат нешто ново. И додека сите седат дома и чекаат да помине овој хаос, тие неуморно работат. Пред само еден месец објавија преработки на познати хитови од Балканот, а веднаш потоа се затворија во студио и снимија нова песна.

„Дел по дел“ е името на новата песна на „Либеро Бенд“, за која момците снимија и видео запис.

Ова е само почеток на сето она што следи од „Либеро Бенд“. Моменталната ситуација со Ковид – 19 не не спречи да ги оствариме зацртаните цели. Сите од бендот имаме иста цел, исти идеи, желби и соништа и мислам дека токму тоа е она што не води напред. „Дел по дел“ е наше најново музичко остварување кое ќе го објавиме наскоро. – вели Иван, фронтменот на „Либеро Бенд“

„Дел по дел“ ќе биде објавена овој месец, а ние веруваме дека ќе биде летен хит. И додека чекаме да ја објават песната, да се потсетиме на нивните преработки.

To top