Во втората сезона на „Сенки над Балканот“ се појавува и интригантна сцена во која актерката Марија Бергам се бакнува со колешката од Хрватска, Леона Парамински.
Во серијата, Марија ја игра главната улога – Маja Давидовиќ, а хрватската актерка ја има улогата на Марија Оршиќ.
Во првата епизода, почнуваат да се јавуваат искри меѓу актерките, а во една сцена Леона ја фаќа Бергам за градата.
Откако нивниот однос поминува на повисоко ниво, во седмата епизода тие влегуваат во страсна врска. Откако ќе се допарат, почнуваат да се бакнуваат, а потоа се соблекуваат и завршуваат голи во кревет.
„Во вториот дел на серијата, целата моја улога е насочена кон Марија Оршиќ која ја игра хрватската актерка Леона Парамински. Ете, на пример, јас не знаев која е таа жена и во првата сезона има сцена каде што и велам: „Кој ви ги крои сите капи? Потоа ја прашав Драгана која е таа Марија, таа ми одговори дека е нивен духовен водич и жена која комуницира со надворешниот свет. Одма ја изгуглав и видов дека тоа лице е поубаво од која и да било холивудска актерка. Нереално убава жена со многу моќи. Имено, таа во нашата серија е еден од главните ликови во новата сезона“ вели Марија за „Мондо“.
Во една прилика, Марија за своите сцени во серијата изјави:
“Да бидам искрена, ние актерите сме прилично немоќни, за секси сцените одлучуваат директорите на фотографија и режисерите.