Манекенката Даниела Димитровска и сопруга на Огњен Амиџиќ, во моментот ужива на семеен одмор во Грција, а бидејќи е активна на социјалните медиуми и професионалец во светот на моделството, очекувано е да објавува фотографии од совршените плажи и секако својата совршена манекенска фигура.

Даниела објави фотографија на која ја покажува нејзината топ линија во црвен костим за капење, а изгледа како фотосесија на Fashion TV.

– Уживање во моментот … Ми требаа околу 30 години и кусур да разберам што значи да уживам во моментот, да живеам сега и да бидам благодарна … – напиша Даниел во описот на фотографијата.


Нејзините фотографии блескаат повеќе од сонцето, а покрај ваква „риба“ плажата и морето дефинитивно се во втор план.
фото:инстаграм/данијела димитровска