Анастасија Ражнатовиќ денеска го прославува својот 24-ти роденден, а вчера како роденденско изненадување се појави нејзиното момче Немања Гудељ кој заедно со членовите на своето семејство пристигнал во вилата на Ражнатовиќ каде заедно на полноќ го дочекаа роденденот на младата пејачка.
Откако сите заедно го прославија роденденот на Дедиње, парот својата забава ја продолжиле во еден ноќен клуб заедно со друштвото.
На видеата се гледа како Анастасија се бакнува со фудбалерот, додека во позадина одат љубовни песни.
„И бог би се плашио када сазна колико те волим“, се слушаат стиховите додека парот игра и се прегрнува.
фото:Инстаграм принтскрин