Радио Милева

„Лесно е да се каже дека тоа беше чудно“: Меколи Калкин отворено проговори за обвиненијата за педофилија против Мајкл Џексон

„Лесно е да се каже дека тоа беше чудно“: Меколи Калкин отворено проговори за обвиненијата за педофилија против Мајкл Џексон

Мајкл Џексон и Меколи Калкин беа блиски пријатели кога славниот актер беше малечко дете. Иако со години се шпекулираше дека калкин е една од жртвите на мајкл Џексон, Калкин секогаш одговараше дека со Џексон имале прекрасно пријателство.

Куќната помошничка на Мајкл Џексон, Адриан МекМанус пак, тврди дека и со Меколи Калкин, Мајкл имал премногу близок однос кој бил многу чуден. Мајкл Џексон го запознал малото познато момче на само 10 години, во 1990 година.

https://www.youtube.com/watch?v=OllzFjdulqg

Следната година веќе му понудил да се појави во неговиот спот „Black or white“, а нивните заеднички фотографии за многумина и денес се симбол на 90-тите со оглед на тоа дека беа меѓу најпопуларните на планетата.

Калкин не учествуваше во документарецот „Leaving neverland“, а секогаш јавно го бранеше Џексон од обвинувањата за педофилија.

-Лесно е да се каже дека тоа беше чудно, но не беше чудно. Тоа мое пријателство со Мајкл Џексон луѓето најмногу ги интересира бидејќи во тоа време тој беше најславната личност на светот, кажа калкин. Актерот поради пријателствата со Џексон стана кум на неговата ќерка Парис.

-Беше многу духовит, сладок и добар. Луѓето за тоа не се свесни. Така шармантен и смешен човек, кажа калкин за Џексон на почетокот на оваа година.

To top