Иако до неодамна, повеќето познати од домашната и српската естрада негуваа отворено блиско пријателство со Боки 13, многумина дури и не го споменуваат јавно откако беше објавена веста за неговото апсење.
Бојан Јовановски, веќе еден месец е под истрага поради наводно рекетирање односно изнуда на пари.
Како што е веќе познато, меѓу другото, пејачката Лепа Лукиќ беше негова блиска пријателка, а денес таа е една од ретките што се согласува да зборува за Боки 13.
– Јас го познавам Боки веќе девет години. Го запознав кога двајцата учествувавме во реалното шоу „Големиот брат“. Оттогаш, понекогаш се слушаме и се гледаме. Јас бев на отворањето на неговата телевизија во Македонија, а неколку пати тој ми закажа тезга за Нова година. Го познавам како многу фин човек, можам да кажам се најдобро за него. Сега, што точно било и што направи за да го уапсат, немам идеја – рече Лепа Лукиќ.
– Слушам дека некои пејачи се плашат тој да проговори во затворот, немам идеја што би рекол тој за нив. Тензијата вештачки расте. Искрено, не знам ништо за неговото апсење, слушам од медиумите и тоа е сè! Заклучува пејачката за „Свет плус“.