Радио Милева

Лепа Брена не е единствена: И оваа позната пејачка ќе има кукла со својот лик

Лепа Брена не е единствена: И оваа позната пејачка ќе има кукла со својот лик

Познато е дека српската пејчака Лепа Брена е единствена на овие простори која има кукла со својот лик.

Меѓутоа, освен Брена сега своја кукла ќе има и пејачката Миа Борисављевиќ.

Како што пишува „Блиц“, фабрика од Германија ја контактирале пејачката и изразиле желба да направат кукла со нејзиниот лик.

фото: Небојша Мандиќ

„Ја контактираа преку Инстаграм, воодушевени се со нејзиниот изглед, посебно со облините. Миа моментално е зафатена со подготовките на новиот албум, па дури на пролет ќе оди да се види со креативниот тим од Германија“ вели извор близок на пејачката.

Миа потврди дека ова е убава идеа.

„Често добивам пофалби на своја сметка. Се уште не е реализирано, но тоа е убава идеа“ вели Миа.

To top