Кон средината на август во Белград беше уапсен Радован Стојќиќ Баџе кој се сомничи за кражба во домот на Поповиќ.
За денес е закажано сослушување каде што Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ ќе треба да кажат што нашле во нивната вила на денот на кражбата.
Кога ќе објаснат во каква состојба ја нашле вилата, но и без што останале по кражбата, судот ќе закаже ново сослушување.
Се претпоставува дека куќата на Поповиќ била таргитирана, а дека Стојќиќ имал и соучесници кои го упатиле да украдат драгоцени вредности од 100 000 евра.
Освен Поповиќ, на сослушување ќе се појават и луѓето кои пред кражбата поминувале време во домот на познатиот пар.
Покрај помошничката, судот ќе закаже сослушувања и за пријателите и соработниците на директорот на Гранд.
Меѓу нив и Жика Јакшиќ, но и Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ. Сите ќе одат на сослушување и ќе објаснат дали го познаваат осимничениот и неговите пријатели.