Во новогодишното интервју за српски „Курир“, Лепа Брена зборуваше за женидбата на нејзиниот постар син, пејачот Стефан Живојиновиќ.
Во 2020 година, Лепа Брена ќе влезе со својата публика во Белград. Таа ќе пее пред Националното собрание.
Брена зборуваше и за нејзиниот син Стефан и снаата Александра и колку се тие конкурентни.
– Не верувам во зборот конкуренција. Секој од нас има своја публика, секој си оди по својот пат. А кога е прославата за Нова година во прашање, Белград е голем град, многу туристи ќе дојдат, така што ќе биде вистинска светска метропола.
Таа коментира дека го советува својот син да не се жени пред триесет години.
– Ги советувам да создадат нешто, да направат во животот тоа што го зацртеле. Потоа, тие ќе можат да го изберат својот партнер, исто така и партнерот ќе ги избере нив. Кога сте зрела и формирана личност, многу е полесно да знаете што е вистинска и искрена љубов, вели Брена.