Леонтина Вукамоновиќ ја запознала Наташа Беквалац пред да стане позната.
Леонтина е пресреќна што во новата сезона на „Пинкови ѕвездички“ покрај неа ќе седи и Наташа.
„Јас навивав за неа уште во првата сезона“ призна пејачката и откри детал од минатото кој не е познат на јавноста.
„Јас бев во жирито кога Беквалац пееше на еден фестивал во Нови Сад. Таа беше дете, а јас доволно возрасна за да бидам дел од жирито. Тогаш соработував со Миња Субот“, вели Леонтина.
Освен Леонтина и Наташа, во жирито на музичкото шоу ќе се најдат и Милан Станковиќ, Гоца Тржан и Киа Коцкар.