Радио Милева ја вклучи во игра

Леонардо Ди Каприо го погази „сопственото правило“: Холивудскиот заводник и се додворувал на 28-годишна убавица (фото)

Леонардо Ди Каприо го погази „сопственото правило“: Холивудскиот заводник и се додворувал на 28-годишна убавица (фото)

Познатиот актер Леонардо Ди Каприо пред неколку месеци се најде на мета на јавноста поради раскинувањето со атрактивната манекенка Камила Мороне, со која беше во врска неколку години.

Раскинувањето се случи набргу откако таа го прослави својот 25-ти роденден, што ги натера социјалните мрежи да се присетат на „правилото на Лео“ и да забележат дека и „истекол рокот“.

Набрзо почнаа гласините дека Ди Каприо ја завел Џиџи Хадид, по што се појави фотографија од забавата на која се гледа популарната манекенка на Инстаграм која има само 19 години.

Следеа прозивки на социјалните мрежи, а сега американските медиуми пишуваат дека Леонардо го „скршил сопственото правило“ и почнал да и се додворува на 28-годишна убавица!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Jama (@mayajama)

Во прашање е водителката на британското реално шоу Маја Јама, која била во врска со кошаркарот Бен Симонс, а неименувани извори тврдат дека Маја и Леонардо имале неколку вечери и дека тој неодамна и „испратил цвеќе на адресата на хотелот каде таа остануваше“.

Фото: Принтскрин/профимедиа

To top