Радио Милева добри очекувања

Лекарите излегоа со прогноза: Откриено во кој стадиум е ракот кај кралот Чарлс

Лекарите излегоа со прогноза: Откриено во кој стадиум е ракот кај кралот Чарлс

Британскиот крал Чарлс има рак, беше објавено вчера. Оваа дијагноза била откриена при интервенција на простатата што кралот неодамна ја имал.

Според информациите, тој засега ќе ги одложи сите свои обврски, чувствува позитивна енергија и ќе продолжи да биде на чело на монархијата.

Лекарите велат дека веруваат во позитивен исход што се однесува до понатамошното лекување, а Бакингемската палата вчера објави дека лекарите откриле неодреден облик на рак за време на лекувањето на бенигната состојба на простатата.

Семејството и пријателите велат дека се воодушевени од неговата решеност да продолжи да ги извршува своите должности како што обично прави. Во овој момент се чини дека ракот е дијагностициран во рана фаза и прогнозата е добра, пишува DailyMail.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Чарлс се јавил за да ги извести блиските членови на семејството, вклучувајќи го и отуѓениот син Хари, кој доаѓал од Калифорнија да го види својот татко.

Не е познато каде ќе престојува војводата од Сасекс кога ќе ја посети Велика Британија.

На Хари му треба претходна дозвола од Бакингемската палата за да остане на кралскиот имот. Британските медиуми потсетуваат дека летово морал да ги врати клучевите од колибата Фрогмор кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштиле имотот. Неговото барање да остане во замокот Виндзор беше одбиено од палатата кога последен пат ја посети Обединетото Кралство во септември, а Хари на крајот остана во хотел.

Ова ќе биде првпат тие да поминат значително време заедно во повеќе од 18 месеци. Кралските набљудувачи сега се прашуваат дали тоа би можело да навести „затоплување“ во односите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кралот Чарлс вчера во утринските часови пристигна во Лондон од својот имот во Сандрингам. Со него е и неговата сопруга Камила, а се очекува кралот да започне со лекување.

Камила одлучила да биде покрај својот сопруг, иако тој инсистирал да продолжи со работните обврски. Останатите членови на кралското семејство сега ќе мора да преземат некои должности, меѓу кои и принцот од Велс, кој наскоро ќе се врати на јавниот живот, иако неговата сопруга Кејт исто така има сериозни здравствени проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Дејли Мејл пишува дека кралот дознал за неговата дијагноза на почетокот на минатата недела, но инсистирал да оди во црква во Норфолк во недела и топло да им мавне на граѓаните.

фото:Instagram printscreen/ theroyalfamily

To top