Радио Милева светот во шок

Лекарите дадоа дијагноза за парализираното лице на Џастин Бибер – еве за каков синдром се работи (фото)

Лекарите дадоа дијагноза за парализираното лице на Џастин Бибер – еве за каков синдром се работи (фото)

Канадскиот поп пејач Џастин Бибер летово ги откажа сите концерти поради парализа на дел од лицето, а лекарите ширум светот зборуваа за синдромот што го предизвикува ова.

За тоа што е Ремзи Хант синдром, од кој боледува, за српската К1 телевизија зборуваа професорот по заразни болести проф. д-р Дарко Ножиќ и невролог д-р Милутин Петровиќ.

Како што рече д-р Петровиќ, тоа е еден вид на акутна невропатија на фацијалниот нерв.

-Вирусот варичела зостер, од кој повеќето од нас се разболуваат во текот на животот во вид на сипаници, е вирус кој се населува во одредена нервна структура и таму лежи неактивен. Може да стане активен во одреден момент или да остане во мирување. Во случајот на пејачот, тоа е активирано и предизвика парализа на половина од лицето. Оваа парализа се карактеризира со тоа што лицето не може да го избразди челото, не може правилно да го затвори окото или устата. Сето тоа зависи од степенот на оштетување. Понекогаш, иако ретко, се случува и човек да не почувствува вкусови во предните две третини од јазикот или да има чувство на зуење во ушите. Оваа состојба се активира во состојби на ослабен имунитет, по одреден голем стрес, кај трудници или кај лица со намален имунитет – под хемотерапија или болни од ХИВ – објасни неврологот д-р Милутин Петровиќ.

Сепак, суперѕвездата објави приказна на Инстаграм со зборовите: „Само чекајте ме“. На видеото Бибер повторно може да се види целосно насмеан. Тоа беше нешто што не можеше да го направи минатиот јуни, кога објави дека боледува од парализа на лицето поради синдромот Ремзи Хант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top