Радио Милева „Се молам“

Лејди Гага со поддршка за Украина: „Се надевам дека вашите срца повторно ќе бидат цели“

Лејди Гага со поддршка за Украина: „Се надевам дека вашите срца повторно ќе бидат цели“

На доделувањето на SAG наградите неколку јавни личности пружија поддршка на Украина.

-Чест ми е што сум овде. Ова е прекрасна вечер и славиме уметност едни со други, додека во светот се случуваат многу работи. Моето срце е со Украина. Мислам дека вечерва треба сите да бидеме благодарни, изјави Лејди Гага која со својот потег ги воодушеви фановите.

Пејачката се огласи и преку социјалните мрежи.

-Има многу причини бидејќи светот не ни дозволува да се смееме. Се молам за Украина. Се надевам дека вашите срца наскоро ќе бидат цели, порача Гага.

Освен актерите кои присуствуваа на случувањето, исто така многу познати преку социјалните мрежи ја поддржаа Украина.

фото: тањуг/ап

To top