Радио Милева

Лејди Гага се мажи, а вака изгледа нејзиниот 17 години постар свршеник

Лејди Гага се мажи, а вака изгледа нејзиниот 17 години постар свршеник

Иако се шпекулираше со месеци, се досега немаше потврда дека се сврши 32 годишната пејачка Лејди Гага.

Сепак, тоа сношти го потврди самата пејачка кога на јавен настан во својот говор му се заблагодари на нејзиниот свршник Кристијан Карин.

Ова е вторпат како пејачката има свршенички прстен на рака. До јули во 2016 година таа беше верена за америкаснкиот актер Тејлор Кини.

Водејќи се од тоа дека интимата треба да ја чува за себе, Гага овојпат не зборува за својот љубовен живот.

За потсетување, пејачката и 49 годишниот агент за таленти својата врска ја започна во февруари 2017 година, а папараците често ги фотографираат како се шетаат низ светските метрополи.

To top