Сношти се одржа доделувањето на МТВ наградите “Video Music Awards”, а една пејачка не само што однесе неколку статуетки дома туку и воодшеви со својот перфоманс во согласност со мерките за заштита од коронавирусот.
Лејди Гага освои награда за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија.
Пејачката и нејзините танчерии имаа енергичен настап и тоа под маски.
Лејди Гага беше посебно интересна бидејќи имаше LED маска која всушност е илузија дека пејачката ја „отвара устата“.
На сцената и се приклучи и колешката Аријана Гранде и заедно го отпејаа нивниот дует „Rain on me“.
Во текот на целата вечер, пејачката носеше маски кои ги вклопи со својот изглед, а пред настапот објави соопштение со кое истакан дека ќе ги почитува мерки а заштита.