Од доделување на „Оскарите“ кога Бредли Купер и Лејди Гага ја изведоа песната „Shallow“, парот постојано е во центарот на вниманието на медиумите.
Имено, по нивниот настап започнаа да кружат гласини дека меѓу Гага и Купер има нешто повеќе од пријателство.
Овие гласини уште повеќе се зголемија кога Купер ја раскина својата врска со Ирина Шајк.
Досега, Гага и Купер не се огласуваа по повод овие пишувања. Меѓутоа, деновиве Лејди Гага во интервју за „Elle“ откри дека ова е само дел од добро смислениот план.
„Направивме вистинска љубовна приказна. Секако, сакавме да бидеме убедливи и луѓето да помислат дека навистина сме заљубени голупчиња“ вели пејачката и додава:
„Сакавме да направиме луѓето кои седат во публиката, како и оние кои ги следат Оскарите да почувствуваат вистинска емоција меѓу нас. Сакавме да изгледаме убедливо, многу време се подготвувавме и мислам дека успеавме“ вели Лејди Гага.