Лејди Гага е една од водителките на овагодинешното издание на модното случување „Мет Гала“.
По тој повод пејачката со приватен авион долета до Њујорк, а во авионот позираше и објави неколку фотографии на социјалните мрежи.
Како и секогаш, така и овој пат Гага имаше интересен стајлинг.
Фустанот со интересен принт го комбинарала со зелена карирана кошула врзана околу стуркот.
Во прв план е нејзината нога, а со објавата на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари.
Имено, пејачката истакна дека не сака да се депилира, бидејќи таквите нозе придонесуваат за нејзиниот изглед.
„Мет Гала, пристигнувам. Многу сум возбудена што сум една од водителките (не ги депилирав нозете четири дена бидејќи ми го дополнуваат изгледот), напиша пејачката во описот на фотографија со недепиларните нозе.
Некои го подржаа, а некои осудија ова модно издание на пејачката.