Радио Милева

Лејди Гага и Бредли Купер во „ТЛЗП“: Ивана Петерс и Пагонис воодушевија со својата имитација на холивудските ѕвезди (видео)

Лејди Гага и Бредли Купер во „ТЛЗП“: Ивана Петерс и Пагонис воодушевија со својата имитација на холивудските ѕвезди (видео)
фото: принтскрин/јутуб

Новата сезона на „Твоето лице звучи познато – алл старс“ започна во петокот каде што учесници од претходните сезони ќе имаат задача да се најдат во улога на разни имитации.

Во првата емисија, Ивана Петерес и Ненад Пагонис имаа задача да се најдат во улогата на Лејди Гага и Бредли Купер од филмот „Ѕвездата е родена“.

фото: принтскрин/јутуб/прва.рс

Ивана и Пагонис одлично се снајдоа во оваа имитацијата, а публиката беше воодушевена од нивната интерпретација.

фото: принтскрин/јутуб

„Прекрасни сте. Бесмислено е да зборуваме за гласот на Ивана. Беше толку божанствено, толку добро ги имитиравте нивните погледи, таа интима. Беше задоволство да ве слушаме“ изјави Дубравка.

фото: принтскрин/јутуб

Пофални зборови имаше и Гоца Трќан

„Знаеш што? Мене многу ми се допадна тоа што ти одлично ја имитираше и бојата на гласот. Бевте одлични“ , истакна Тржан.

Нивниот настап може да го погледнете во видеото подолу.

Останати вести од Радио Милева