Масер кој не сакал да биде именуван, поднел тужба против актерот Кевин Спејси дека сексуално го злоставувал во својот дом на Малибу.
Кон крајот на минатата година, светот се шокираше од веста дека Спејси злоставил 14 годишник, актерот Ентони Реп кој во својата исповед откри дека во 1986 година на своја 14 годишна возраст доживеал сексуален напад.
Сега за жал приказната продолжува…
Масерот бил ангажиран од асистентот на Спејси, дошол кај него дома ја поставил маста за масажа и му кажал на актерот да легне.
-Легна на грб, наместо на стомак и ми рече дека го болат препоните. Потоа ја грабна мојата рака и ја спушти доле, а јас тргнав надвор. Тргна по мене да ме моли за орален секс, пренесуваат американските медиуми, не наведувајќи кога се случил инцидентот.