Иако влезе во деветтата деценија од животот, Том Џонс нема намера да ја запре музичката кариера. Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество. За песната е снимен соодветен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека Џонс зачекорил во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“. Фановите сметаат дека новата песна на легендарниот пејач потсетува на песна на групата Радиохед.
“Можеби грешам и мислам дека некој е обожавател на Радиохед”, “Сер Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.