Радио Милева
Кармата е кучка...

Лазаров му порача на Марјан – Доказ дека правдата на крајот секогаш доаѓа: “Гледај да не спиеш сега ти со мажи во затвор за спас, славен веќе си“

Лазаров му порача на Марјан – Доказ дека правдата на крајот секогаш доаѓа: “Гледај да не спиеш сега ти со мажи во затвор за спас, славен веќе си“

На таканаречениот новинар на самопрогласениот медиум „ДоказМ“,  Марјан Стаменковски,  првостепениот суд експресно му пресуди за сите „гнасотии“ што јавно ги објавуваше, меѓудругото и за познатите личности, крадејќи цели авторски текстови од останатите релевантни портали меѓу кои и Вистина.ком.мк, на кои им лепеше вулгарни „порно“ наслови и додаваше измислени компромитирачки содржини…

Колку за пример: Ова е оригиналниот текст и наслов на еден од нашите написи…

Додека ова се пиратираните копии на „Доказ М“, украдени истиот ден, со сопствено додадени гнасотии, најчесто само во насловот, но понекогаш и во содржината.

Изрекувајќи му казна од три години и еден месец затвор на Стаменковски, тој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци.

За злоупотребата на личните податоци доби казна и од 5 илјади евра. Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот Доказ ќе престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик.

По казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина „им олесни на душата“ зашто познати естрадни личности, пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица… „немаа дерман“ од измислиците на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи…

Еден од многумината кој  „изгорел“ од насловите и написите  на споменатиот „креативец“, е и јутјуберот Стефан Лазаров, кој по објавувањето на пресудата, како едвај да дочека да му испорача пост на своите Инстаграм приказни со содржина која допрва осудениот ќе има време да ја анализира.

Дали тоа кармата е кучка, па правдата можеби е спора, ама на крајот секогаш доаѓа, ДОКАЗ е епилогот на целата приказна во која кармата „докажаниот“ го стигна. Стефан Лазаров само го начекал моментот  да го потсети на старата поговорка: „Кој за меч се фатил, од мечот и завршил“, па на свој начин на „пријателот“ со судска пресуда  му порачал:

„Еден од насловите за мене. А буквално за секој од јавните личности имаше напишано страшни гадости и лаги. Искрено, сметам дека 3 години се малку. А јас сум се смеел на вакви работи, ама знам дека има уништено фамилии со лажни информации. На крајот правдата секогаш доаѓа, дали на ваков или онаков начин.

Поздрав пријателу, гледај да не спиеш у затвор ти со мажи сега за спас, славен веќе си“ – му порача во постот Лазаров на Марјан – Доказ.

Фото: Принтскрин ДоказМ/ Вистина.ком.,мк/ _lazarovv

 

Останати вести од Радио Милева