Радио Милева

Лазар Бараков и Стојна Костовска им го разубавија денот на обожавателите со специјална посвета!

Лазар Бараков и Стојна Костовска им го разубавија денот на обожавателите со специјална посвета!

Многу генерации израснаа со старите македонски народни приказни кои и денес се уште ја имаат својата атрактивност и уникатност и за поновите генерации.

За тоа беа заслужни големите актерски легенди, некои не се повеќе меѓу нас, а пак други гордо се сеќаваат на времето кога ги играа едни од највпечатливите улоги во приказните.

Дел од нив се и актерите Стојна Костовска и актерот Лазар Бараков. Шармантната и талентирана Стојна, како и неповторливиот Бараков, се во чекор со новите трендови на денешницата, а освен тоа што некогаш беа постојано заедно на снимањата, денес се уште се добри пријатели и колеги, па дури и на социјалните мрежи каде деновиве прославија седум години пријателство.

По тој повод Лазар го сподели тој момент на нејзиниот Фејсбук ѕид и се заблагодари на својата колешка и пријателка за искреноста и тоа што е скап учител и другар.

Ваквата објава им го разубави денот и на нивните следбеници кои не пропуштија да искоментираат за оваа емотивна објава.

To top