Радио Милева посебна ноќ

Лавина емоции и солзи радосници: Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера во Рим (видео)

Лавина емоции и солзи радосници: Миро Кацаров ја запроси саканата на романтична вечера во Рим (видео)

ТВ водителот и автор на „Голден карпет“, Миро Кацаров реши да се жени.

Тој преку својот профил на Инстаграм обзнани дека патувањето во вечниот град Рим, не било само обично туристичко патување во Италија, туку многу повеќе од тоа.

Миро плански тргнал со саканата Ивана со која од не така одамна е во врска, шетале, разгледувале знаменитости, уживале во непознатото и невидениото и се’ надидум било така нормално за едно романтично патување на момче и девока.

Кога дошло време за вечера, таа ноќ станала повеќе од посебна.

Додека виолинистот свири, а Ивана занесена во звуците, Миро го вади скриениот прстен и клекнува пред саканата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miro Kacarov (@miroslavkacarov)

Таа во лавина емоции од она штио очигледно не го очекуаше, го покри лицето со дланките и заплака од среќа.

Виеото од овој романтичен момент Миро го објави на својот профил, а наедно им се извини на сите кои му честитале, а тој во еурофија од убаво не успеал да им врати.

Честитки!

фото:Instagram printskrin

To top