Пејачката Кристина Кија Коцкар моментално ужива за сите пари во Лас Вегас, од каде што се огласи, а во нејзино друштво беше никој друг туку Војин Ражнатовиќ, синот на покојниот Аркан од неговиот прв брак.
Имено, таа објави фотографии на својот Инстаграм профил на кои се гледа како тие двајца уживаат покрај базенот.
Додека таа снимаше, Војин гледаше во неговиот телефон, а тој носеше очила за сонце и капа.
Потоа, таа позираше сама, па заедно со Војин и нема сомнение дека одлично се забавуваат.
Фотографиите ја наметнаа дилемата дали тоа Кија и Војин се во пријателска дружба или меѓу нив има „американска интима“?
Уште пред неколку години Војин изрази желба да ја запознае победничката на „Задруга“, а таа ги пофали неговите вокални способности откако го слушна како пее на една хуманитарна манифестација. Рече дека не се познаава со него, но исто така изрази желба да се запознаат, на што Војин возврати дека би сакал да сними и дует со Кија!
Па сега Вие видете дали нејзината посета на САД е случајна, како и нивното запознавање… Дует кој знае дали ќе има, ама затоа може се’што да има… Ако веќе и нема?!
Фото: Инстаграм принтскрин/vojinraznatovic/kijakockar