Во турската комедија „Наследници“ главната улога ја има девојката по име Лале, додека во серијата „Романтичарот“ која започна да се прикажува на ТВ Сител, повторно ја гледаме истата актерка.
И овој пат има главна улога играјќи ја темпераментната Санем Ајдин. Нејзиното вистинско име е Демет Оздемир и има 28 години.
Освен актерската кариера, убавата Турчинка активно се занимава со танц.
Таа се преселува во Истанбул заедно со нејзината мајка и сестра, откако родителите им се разделуваат. Тогаш почнува со часовите по танц и станува се посериозна во намерата тоа да биде нејзина професија.
Потоа, почнува да се појавува во видео спотови и реклами, кои пак и ги носат улогите во неколку турски серии.
Погледнете ја оваа шармантна убавица во едно сосема поинакво светло: