Мегафон

„Квин“ ќе настапат на доделувањето на „Оскар“

„Квин“ ќе настапат на доделувањето на „Оскар“

Во екот на големиот успех на „Боемска рапсодија“, „Квин“ објави дека ќе настапи на доделувањето на Оскарите на 24 февруари. На сцената ќе се појават оригиналните членови Брајан Меј и Роџер Тејлор, предводени од пејачот Адам Ламберт, со кого одат на турнеи уште од 2011 година.

„Боемска рапсодија“, биографскиот филм за славната британска група и покојниот фронтмен Фреди Меркјури, е номиниран за пет Оскари, вклучувајќи за најдобар филм и за главна машка улога (Реми Малек).

„Ќе растуриме на Оскарите“, напиша Ламберт на Твитер, кој првпат запеа со „Квин“ во финалето на „Американски идол“ во 2009 година.

Покрај „Квин“, познато е дека ќе настапат и Леди Гага, Џенифер Хадсон и Бет Мидлер, а Академијата допрва треба да потврди дали ќе им се придружи и Кендрик Ламар, номиниран за „Блек Пантер“.

To top