Мегафон

Купи километри на Skopje Run 10K затоа што #Секој Километар Значи за СОС Детско село

Купи километри на Skopje Run 10K затоа што #Секој Километар Значи за СОС Детско село
Трчањето во Скопје станува секојдневие, а време е хуманоста да го достигне истото ниво со #СекојКилометарЗначи

Една од трките на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови Скопје, е и Skopje Run 10Kкоја ќе се одржи во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Оваа трка отвора едно уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. Заедно со СОС Детско село тие брзо чекорат кон зголемување на нивото на филантропија и здравиот начин на живење во Македонија.

#СекојКилометарЗначи со помош на амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов цели кон зголемување на основната човекова доблест, хуманоста.

Сега секој ќе може да донира за СОС Детско село со тоа што ќе купи километри на Skopje Run 10K. Само треба да се преземе првиот чекор и да се направи профил на www.smartrace.club. Кога ќе се избере трката Skopje Run 10K се отвораат неколку можности меѓу кои и купувањето на километар за себе (ако некој се пријавил да трча) или за некој од амбасадорите. Со профилот може да се купат од 1 до 10 километри, по цена од 100 денари по километар. Воедно, и покрај големиот интерес, сѐ уште е отворена опцијата да се купат dry – fit маици од Skopje Run 10K, од кои 100 денари се донираат во истата цел.

Чекор по чекор, секој може да стане дел од #СекојКилометарЗначи и да ги поддржи СОС Детско село во нивната мисија, а воедно и да го подобри својот спортски начин на живот преку учество во Skopje Run 10K.

За повеќе информации може да се посетат: www.sos.mkskopje.runwww.facebook.com/SkopjeRunwww.facebook.com/detskoselomkd.

За преземање на официјалната Фејсбук рамка достапен е овој линк.