Радио Милева
пријатели

Кумот на Петар Грашо откри детали од свадбата, а еве во какви односи е со Данијела Мартиновиќ

Кумот на Петар Грашо откри детали од свадбата, а еве во какви односи е со Данијела Мартиновиќ

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа на 19.02.2022 година, а нивен кум беше словенскиот готвач Томаж Кавчиќ.

Грашо и Кавчиќ се познаваат 25 години, а првпат се запознале во 1997 година кога Данијела и Грашо го посетиле неговиот ресторан во Словенија.

Кавчиќ ја коментираше храната на свадбаната на годината во Сплит.

-На нивната свадба немаше храна како на менито на самитот на членките на ЕУ. Само едно јадење имаше од тоа мени. Венчавката беше во организација на ресторанот Адриатик, тие беа главни, а јас го подготвив првото јадење, главното јадење и тортата, вели Томаж.

Тортата која ја подготви готвачот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

-Тоа беше резервна торта која не беше декорирана бидејќи имаше уште две торти. Таа торта е моја идеја и ја служам повеќе од 10 години. Се прави со иста техника како и сладолед, вели Томаж и додава:

-Се состои од млеко, чоколадо и бисквити. Тортата на сите им се допадна, а многу гости бараа по уште едно парче. Но, најважно ми дека е торта која ја сакаа и е во нивен стил, вели Кавчиќ за РТЛ.

Тој го прокоментира и својот однос со бившата девојка на Петар Грашо, Данијела Мартиновиќ.

-Останувам пријател и со него и со неа, кратко одговори.

Готвачот откри како Грашо го прашал да му биде кум.

-Тој е романтична душа и не ме праша преку телефон. Претходната година, како и секоја година бевме на неформално дружење на Мишелин ѕвездите. Јас таму одам 17 години, а некогаш и Петар Грашо доаѓа со мене. Пред да заминеме таму, претходната година пред Божиќ, кога слетавме на аеродром, Петар ми кажа: „Томаж, желба ми е да ми бидеш кум“, откри готвачот,а пренесува hr

фото: инстаграм/danijelamartinovicofficial/petar_graso_fan_page/tomazkavcic

Останати вести од Радио Милева