Радио Милева

Куќната помошничка на Пријовиќ стана хит на интернет – таа го има рецептот како да ја победите короната

Куќната помошничка на Пријовиќ стана хит на интернет – таа го има рецептот како да ја победите короната
фото: ата имагес

Александра Пријовиќ на социјалните мрежи сподели хит видео на кое главна ѕвезда е куќната помошничка на семејството Живојиновиќ.

Имено, додека Пријовиќ ја сецкаше храната, нејзината помошничка даваше совети како да го победат вирусот.

„Јади луто, јади лук, јади пиперки со лук.  Испи ракија, нека испари и убиј ја короната. И работи, а не да седиш и да ја чекаш короната. И тогаш паѓаш во депресија, лелеле корона. Работи, пеј, чисти, прави нешто и чао, нема корона повеќе“, вели таа.

фото: Принтскрин

Овој момент Пријовиќ го сподели на социјалните мрежи, а тука погледнете го советот на куќната помошничка на пејачката.

Потсетуваме, до неодамна Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ беа на одмор во Монте Карло заедно со Лепа Брена и Боба.

Останати вести од Радио Милева