Наташа Беквалац помина низ тежок период, откако сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна таа сега доживеа уште една непријатна случка.
Пејачката пред една година на препорака ангажирала жена која ќе го чисти нејзиниот стан два пати неделно.
„Наташа веруваше дека жената која ја ангажираше е фина и лојална, а испадна дека цело време и крадела пари од нејзиниот паричник. По неколку месеци откако таа жена почна да го средува станот на Дедиње, Наташа почна да се сомнева дека некој и краде пари“, велиз извор за „Блиц“ и додава:
„Наташа беше на одмор во Нови Сад и се јави на жената да дојде да го среди станот. Жената дојде, а Наташа потоа забележа дека и фалат 200 евра од чантата. Таа во паричникот имаше 900 евра, а подоцна забележа дека има 700 евра. Наташа се јави во полиција и го пријави случајот“, открива изворот.
„Полицијата ја сослуша жената која се расплака и призна дека украла 200 евра. Покажа дека парите ги сокрила во кујната од каде планирала подоцна да ги земе“, вели изворот.