Радио Милева жестоко

Куќата на Ана Николиќ на село се распаѓа, а соседите во екот на скандалот разврзаа јазик (видео)

Куќата на Ана Николиќ на село се распаѓа, а соседите во екот на скандалот разврзаа јазик (видео)

Српската пејачка Ана Николиќ веќе со денови е во центарот на вниманието поради скандалот кој се прошири на социјалните мрежи поврзано со нејзиното лице.

Српските медиуми со денови „дежураа“ пред станот на пејачката во Белград за да ја начекаат, но наместо тоа таа објави дека е во родното село каде има и куќа.

Сепак, по таа објава се врати дома и даде изјава за медиумите, но српски „Блиц“ се одлучи да ја посети куќата во селото Долна Мутница за да се увери каков имот поседува таа таму.

Во меѓувреме тие прашаа неколку мештани за тоа каква е Ана кога ќе се врати во родното село и што впечатливо забележуваат на неа кога ќе си дојде дома.

-Куќата зарасна со треви, никој не води сметка за неа. Жал ми е што е така. Нејзиниот брат Марко ретко доаѓа, претходно тој ја одржуваше куќата. Жал ми е што никој не им помогне од семејството. Ана е фино девојче, а што се случи и почна да пие не знам, вели нејзина роднина за „Блиц“.

Друг сосед буквално им ја заледи крвта на сите кога открил дека станува збор за проклетство кое го носи нејзиното семејство.

-Таа допрва ќе прави проблеми, големо проклетство. Знаеш што е тоа? Е тоа е големо проклетство, вели еден соселанец.

FOTO: JOVAN ILIĆ / RINGIER/BLIC.RS

To top